По повод празникот „11ти Ноември“, денот на ослободување на град Куманово, Општински сојузот на спортови Куманово , Атлетската федерација на Македонија и Атлетски клуб Кумaново под покровителство на Советот и Градоначалникот на Општина Куманово, ќе организира ноќна улична трка во централното градско подрачје на 10 ноември 2018 година сабота со почеток во 18,20 часот.
Стартот на трката ќе биде на градскиот плоштад, каде повторно и ќе заврши трката долга 1650 метри.
Трката ќе започне на улицата „Доне Божинов“ од каде ќе се трча до Плоштад „Нова Југославија“, па ќе се продолжи по булеварот „Трета МУБ“, па улиците „Народна Револуција“, „Ленинова“ од каде повторно преку „Доне Божинов“ ќе се пристигне до градскиот плоштад.
Трката се предвидува да заврши во 19 часот, а паралелно со одвивање на спортската манифестација наведените улици ќе бидат затворени за сообраќај.
Во продолжение и целосната програма:
18:20 часот отварање
18:00 часот 400 метри ( трка за ученици основни училишта – мажи и жени ) 6 и 7 одделение
18:05 часот 500 метри ( трка за ученици основни училишта – мажи и жени ) 8 и 9 одделение
18:15 часот 800 метри ( трка за ученици средни училишта – мажи и жени )
18.30 часот 5000 метри ( главна трка за мажи ), три круга
18.30 часот 3300 метри ( главна трка за жени ), два круга
19.00 часот прогласување на победници