Избрано новото раководство на СДММ Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со мнозинство од гласовите на изборната конференција на локалниот огранок на Социјалдемократската младина на Македонија од Куманово, за претседател е избран Мартин Захариев.

Секретар на организацијата е Давид Вељковиќ, Филип Ангеловски е потпретседател, додека Игор Митковски е организационен секретар. Назначени се и двајца портпароли Марио Сибиновиќ и Моника Михајловиќ.

Претседателот Захариев добил 53 гласови од вкупно 55те делегати кои гласале на конститутивната седница на Извршниот одбор.

– Излеговме од изолација и влегуваме во интеграција, а Социјалдемократската младина ќе продолжи со имплементција на европските вредности за да го оправда епитетот европска младина. Новото раководство на СДММ Куманово на чело со мене ќе бие отворено да го слушне гласот на младите, да прибира идеи и да нуди соодветни решенија до институциите. Како досега, така и во иднина ќе продолжиме активно да работиме со младите, ќе организираме трибини и дебати, хуманитарни и еколошки акции и останати активности кои се за добробит на општеството, изјави Захариев на вчерашната прес конференција.

Тој ги повика сите млади од Куманово да бидат дел од СДММ, со цел како што посочи, младината да биде вулкан со идеи и пример за борбеност и креативност.

https://www.facebook.com/sdmm.kumanovo/videos/115590809358228/

Loading...

Leave a Reply