Температурите и натаму над просекот за ноември

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта се задржа променливо облачно со со слаб југоисточен ветер. По одделни котлини има појава на слаба магла. Утринава, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, е умерено до значително облачно со слаб ветер од југоисточен правец.

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб југоисточен ветер ќе биде времето и во текот на денот, а температурата ќе биде во интервал од 21 до 27 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура од 23 степени целзиусови.

Како што додаваат од УХМР, продолжува периодот на умерено облачно и топло време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.

За време на викендот ќе преовладува сончево време, но температурите постепено ќе опаѓаат.

Leave a Reply