Ќе се реконструира објектот на месната заедница „Зелен рид“

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово распиша тендер за реконструкција на објектот на месната заедница „Зелен рид“.

До Бирото за јавни набавки доставено е барање за прибирање понуди од изведувачи за реконструкција на објектот, за чија намена од буџетот на локалната самоуправа ќе бидат издвоени 330.000 денари без вклучен ДДВ.

Огласот е отворен до 9ти месецов, по што ќе се знае и која компанија ќе го добие тендерот.

Leave a Reply