Поради радио драма милиони Американци мислеле дека ги напаѓаат вонземјани (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На денешен ден, 30. октомври 1938. година милиони Американци ги фатила паника додека на радиото CBS слушале радио драма која ја снимил Орсон Велс. Имено, тие мислеле дека Марсовци ја напаѓаат Земјата.

Станува збор за радио драма работена по новелата на Херберт Џорџ Велс, „Војна на ѕвездите“. Тоа било во недела навечер на Ноќта на вештерките кога била емитувана познатата програма на радиото CBS.

Еве што всушност претставува „Ноќта на вештерките“

Како тогаш воа бил водечки медиум, американските семејства обично во слободно време за забавувале слушајќи радио. Колку Орсон Велс бил уведлив во својата глума, сведочи и податокот дека милиони Американци поверувале дека вонземјаните навистина вршат инвазија на планетата. Радио драмата траела скоро 60 минути, а особено ги вознемирила оние кои подоцна се вклучиле во програмата.

Орсон Велс утредента јавно се извинил на Американците поради паниката која ја предизвикал.

Leave a Reply