Само двајца мигранти во кампот на Табановце

Сподели со своите пријатели

Двајца мигранти моментално се наоѓаат во привремениот транзитен центар Табановце, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Едниот е државјанин на Пакистан, а другиот е Алжирец.

Бројката на мигрантите кои минуваа низ овој транзитен центар за едно деноноќие надминуваше неколку илјади во 2015 година, но со затворање на границите и строгата контрола од пограничните власти на балканските земји не се дозволува нивно преминување.

Сепак тоа не ги спречува мигрантите да шетаат слободно и да бараат начини да стигнат до западните земји. Бројот на илегалните преминувања според проценките е зголемен, а постојано се среќаваат и кривични пријави во билтените на Министерството за внатрешни работи за криумчари на мигранти и лица кои ги напаѓаат.

Засега нема најави за нов бегалски бран од Блискиот исток. Во Прифатниот центар во Визбегово, сместени се 20 лица кои побарале азил во Република Македонија, додека пак на јужната граница во „Винојуг“ моментално има 11 мигранти: шест од Ирак, тројца Сиријци и двајца Индијци.

Leave a Reply