СЗО: Од загаден воздух годишно страдаат 600.000 деца
On:
Сподели со своите пријатели
Како последица од загадениот воздух годишно умираат околу 600.000 деца, соопштено е од Светската здравствена организација.
СЗО додава дека загадениот воздух предизвикува намалување на интелигенцијата, дебелеење и ушни инфекции, меѓу другото, а дека родителите имаат ограничени можност за спречување на несаканите ефекти, пренесува Ројтерс.
На родителите им се советува дека загадувањето во внатрешноста на домовите може да се намали со користење на помалку штетни материјали за готвење, како и да се избегнува пушењето.
– Загадениот воздух труе милиони деца и им ги уништува животите. Тоа е неприфатливо. Сите деца би требало да имаат можнсот да вдишат чист воздух за да можат да растат и да ги исполнат своите потенцијали, се наведува во извештајот.
Марија неира од СЗО вели дека истражувањето покажало дека загадувањето на воздухот доведува до смрт на бебињата за време на бременоста, како и дека допринесува за развој на болести во доцните години.
Таа додава дека овие докази би требало да доведат до промена на политиките ширум светот.