Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Б.Р.(28) и А.Р.(25), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело ,,насилство”.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 27.07.2018 година, околу 14,00 часот, во Скопје на улица “Трета Македонска ударна бригада” на крстосницата кај бензинска пумпа пријавените со патничко моторно возило “Алфа Ромео” му го попречиле правецот на движење на возило управувано од С.Н., на кој почнале да му упатуваат закани, а кога истиот застанал пред пешачкиот премин, првопријавениот со туркање на вратата не му дозволил да излезе од возилото, а второпријавениот со употреба на метална шипка го оштетил ретровизорот и предната шовершајбна на возилото.