Пет највредни артефакти во Музејот на Библијата биле лажни (ВИДЕО)
On:
Сподели со своите пријатели
Музејот на Библијата во Вашингтон соопштил дека пет од неговите највредни артефакти се лажни, за кои се верувало дека се дел од историскиот свиток на Мртвото море, и дека повеќе нема да бидат изложени во музејот.
Германските научници тестирале делови од сите пет артефакти и откриле дека покажуваат карактеристики неконзистентни со древното потекло поради што нема повеќе да бидат изложени во музејот.
CNN постаивл прашање за артефактите во статијата објавена минатиот ноември, кога семејството Грин се подготвувало да отвори нов музеј вреден 500 милиони долари.
Пред да бидат пронајдени свитоците на Мртвото море пред 70 години, најраната и најкомплетна верзија на Библијата била од 9. век. Тогаш бедуинските пастири наишле на свитоци сокриени скоро 2.000 години во пештерата Кумран на западниот брег на Мртвото море.
Откритието подразбирало повеќе од 900 ракописи и околу 50.000 фрагменти, па биле потребни 60 години во целост да бидат ископани и објавени. Израелските органи за артефакти ги имаат поголемиот дел од свитоците од Мртвото море, кои се изложени во Храмот на книгата во Ерусалим.
Со години било скоро невозможно било кој приватен колекционер да дојде и до парче од оваа големо археолошко откритие, за да во 2002. година мистериозно нов фрагмент се појави на пазарот.