Ја каснал поскокот кој сакала да го погали, па го испила отровот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неименувана Холанѓанка која со момчето дошла на телување надвор од сезоната во Хрватска за малку ќе умрела додека се запознавала со флората и фауната на Биоково.

Шетале додека не дошле до една карпа испод која се наоѓа поскок.

Забележувајќи ја змијата, Холанѓанката сакала подобро да се запознае со неа и одлучила да ја гали, за да се зближи со неа.

Поскок – најопасната змија во Македонија (фото)

Но поскокот немал разбирање за нејзината нежност и ја каснал за средниот прст на десната рака. Забележувајќи дека нешто не е во ред веднаш повикале помош и со возило на Итната помош била пренесена во болница.

– Сопругот или момчето на таа млада жена бил присебен и тргнале со автомобилот кон подножјето на Биково. Нашите луѓе ги затекнале некаде на половина пат и нашиот лекар веднаш видел за какво каснување станува збор. Ранта веднаш ја обележал со пенкало за да полесно се следи ширењето на отровот. Неа ја ставиле во амбулантната кола и веднаш тргнале кон Клиниката за инфектологија во Сплит, вели др. мате Касало од макарската Итна помош.

Додека стигнале во Сплит раката и отекувала, но веднаш добила антивеприн серум и одлежала неколку дена на инфективна нега.

– Во овој случај не можеме да зборуваме за каснување од змија, туку змијата била провоцирана, односно лицето сакало да оствари своевиден контакт со неа. Тоа бил млад поскок, раскажува др. касало и додава дека Холанѓанката само ја влошила ситуацијата така што го исцицала змискиот отров од раната.

ЧУВА 1.000 ЗМИИ: Од нив прави вино кое го пие целото село (видео)

– Така самата си го уфрлила отровот во телото. Тоа во никој случај не смее да се прави затоа што ако каснатото лице има расипан заб, работата може да биде подраматична затоа што тој отров може многу побргу да се апсорбира во телото, вели др. касало и додава дека се чувствува среќно затоа што Холанѓанката се вратила дома жива.

Лекарката потсетува дека поскокот е најотровната змија во Европа и дека луѓето не треба да имаат желба да се галат со неа.

Leave a Reply