Во авион допирал непозната жена по градите, па се правдал дека тоа го прави и Трамп

Сподели со своите пријатели

Мажо е обвинет дека во авион на една жена и ги допирал градите, а во полицијата одговорил дека претседателот на САД Доналд Трамп рекол дека е „прифатливо да се допираат жените по интимни делови“.

За време на американската претседателска кампања во 2016. година се појави снимка од 2005. година во која републиканскиот кандидат се фали, дека може жените да ги допира по интимните делови и дека тоа му го дозволуваат затоа што е познат.

Авионот на иднината: Истовремено пијте вино, гледајте ТВ и набљудувајте го небото (фото+видео)

За време на летот на компанијата „Саутвест Ерлајнс“ во недела помеѓу Хјустон и Албакрки, успиената жена се исплашила кога на своите гради видела рака од човекот кој седел до неа. Најпрвин мислела дека се работи за случајност, но тоа се повторило и половина час подоцна.

Тогаш побарала до мажот кој седел зад неа да престане и го предупредила екипажот во авионот кој и понудил друго место.

Човекот кој ја допирал жената, Брус Александер е приведен по слетувањето во Албакрки. Со лисици на рацете во полициски автомобил изјавил дека „претседателот на САД рекол дека е прифатливо да се допираат жените по интимни делови“.

Leave a Reply