Белгиската манекенка, која минатата година беше уапсена во Египет поради голотија, предизвика контроверзии по фотографирањето во Турција, каде во Аја Софија ја кренала бурката и го покажала голото меѓуножје.
Мариса Папен навлече гнев од верниците во Турција, а на удар била и по скандалозното фотографирање пред Ѕидот на плачот во Ерусалим.
– За разлика од Египет овој пат немавме вистински план. Дојдовме без подготовки, само со бескрајна фантазија, рекла Мариса.
Таа како и во Египет позирала на фотографот Јесеј Волкер.
Првин купиле бурка, а потоа парот се упатил во Аја Софија, која годишно ја посетуваат милиони туристи.
– Откако некое време чекавме да влеземе, не изненади бројот на камери таму, рекла таа.
https://www.instagram.com/p/BpSIUMwFqjC/?utm_source=ig_embed
Loading...
Во еден момент Мариса ја кренала бурката и го открила голото меѓунижје.
– Чекавме водичот да започне да зборува и да го собере вниманието на својата група, па започнавме да се фотографираме. Дури се вративме следниот ден затоа што не бевме задоволни со првите фотографии, открил фотографот.
Мариса и Јеси успеале да направат фотографии и во надреалниот пејсаж на Кападокија, но морале да го откажат снимањето на едно друго место поради засилено обезбедување.
– Мислам дека властите знаеја дека сме во градот затоа што не се поместуваа од нас. Никогаш немавме шанса да го снимиме она што сакавме, рекла Мариса.
https://www.instagram.com/p/Box9IXkAyBY/?utm_source=ig_embed
Во еден момент ги следела и вооружена стража, која одела метар зад нив без зборови.
иако им изгледало како да ги следеле на целото патување, Мариса и јеси успеале безбедно да ја напуштат земјата.
– Сакаме да мислиме дека сме модерните Бони и Клајд на мисијата на Џејмс Бонд и да уживаме во секоја опасност во која повторно ќе се најдеме, заклучила Мариса.