Театар Куманово ќе игра претстава за Сара од Охрид
On:
Сподели со своите пријатели
Театар Куманово се приклучува на хуманитарната акција за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид на која и е неопходна трансплантација на коскената срж.
– Театарот одлучи приходот од влезниците за претставата „Мани мани мани” да го уплати на сметката за помош на семејството Настески од Охрид. Ги повикуваме кумановци да присуствуваат во вторник на претставата, информираат од НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.
Претставата е според текстот на Реј Куни и е на редовниот репертоар на Театар Куманово е на 30 октомври во 20:00 часот.
– Апелот за помош во јавноста го испрати семејството Настески, а нивниот 13-годишен син Виктор е единствен сроден донатор на коскена срцевина за Сара. Театар Куманово сочувствува со семејството Настески и апелира секој кој има можност во зависност од условите да се вклучи во оваа донаторска акција со цел да се обезбедат потребните средства за лекување на младата Сара Настеска, додаваат од Театар Куманово.
Сите кои се во можност можат да помогнат со уплата на средства на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.