Откритие на донот од Црното море старо 2.500 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Научниците пронашле 24 метри долг, недопрен брод на дното од Црното море, за кое веруваат дека е стар 2.400 години и дека најверојатно е од грчко потекло.

Јарболот и веслачките клупо се целосно сочувани, а научниците сметаат дека причината за тоа е недостатокот на кислород.

– Не верувавме дека е можно да се пронајде толку сочуван брод, кој лежни два километри под површината на водата повеќе од 2.000 години. Ова е фантастично откритие, изјавил професорот Џон Адамс, главен поморски археолог, истакнувајќи дека ова откритие целосно ќе го промени начинот на кој ја сваќале бродоградбата на старите Грци.

Потонатиот брод најверојатно бил со трговско грчко потекло, со оглед дека по конструкцијата е сличен на оној насликан на вазната која се наоѓа во британскиот музеј. Вазната „сирена“ го осликува грчкиот брод Одисеја, како минува покрај сирена.

Имено, истражувачите имаат намера остатоците да ги остават каде што ги пронашле, но еден дел испратиле на испитување. Токму со тоа утврдиле дека всушност тоа се најстари остатоци од брод некогаш пронајдени.

Покрај овој брод, во Црното море пронајдени се уште 60 бродови, во рамките на експедицијата која за задача имала да собере што повеќе податоци за промената на нивото на морето во текот на повеќе од 1.000 години период.

Тим поморски археолозипри оваа експедиција снимил и двочасовен документарец кој ќе биде прикажан во народниот музеј следната недела.

Leave a Reply