КИНЕСКО ЧУДО: Се отвора најголемиот поморски мост во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мостот е изградењн за да може да издржи земјотрес со магнитута од 8 степени по Рихтер, а во него се вложени 400.000 тони челик.

Најдолгиот поморски мост во светот, чија изградба чинеше 20 милијарди долари, а се градеше девет години, наскоро ќе биде отворен.

Мостот ги поврзува Хонг Конг и Макао, а на церемонијата за отворање ќе присуствува и кинескиот претседател Си Џипинг. Сообраќајот ќе биде пуштен во среда.

Кина тргнува во војна со стриптизот на погреби (ВИДЕО)

Мостот е долг 55 километри, а требало да биде отворен во 2016, година, но дошло до проблеми.

Мостот ќе поврзува дури 11 градови, на подрачје на кое живеат 65 милиони луѓе. Ќе го скрати патот помеѓу двата града од три часа на 30 минути.

Додека во Кина се слави отворањето на мостот, во Хонг Конг и не се толку задоволно, затоа што се плашат дека мостот ќе донесе голем прилив на кинески туристи.

Само во 2016, во Хонг Конг од Кина дошле 56,7 милиони туристи.

60 педофили силувале 13-годишно девојче, ја убедиле дека тоа е нормално

Киртичарите на кинеската влада тврдат дека мостот го гледаат како „алатка“ на Пекинг да го приближи Хонг Конг до Партијата. Нагласуваат и дека со огромните парични средства можеле да се решат повеќе проблеми на градот, како недостатокот на станови и сиромаштијата.

Leave a Reply