Дваесет и седум лица загинале, а девет биле тешко повредени во најголемата железничка несреќа која се случила во Куманово на 5 ноември 1962 година.
Судот за виновен го прогласил Стојан Димитријевиќ, сообраќаен чиновник на станицата Табановце прито осудувајќи го на 20 години строг затвор и 10 години по издржување на казната забрана за вршење на истата професија.
Во образложението на судот пишувало дека Стојан Димитријевиќ не се придружувал и не ги извршил сообраќајните прописи поради што и дошло до несреќата.
– Стојан Димитријевиќ на доказен начин не поставил барање на станицата Прешево за да ги извести возните службеници од патничкиот воз 118 дека истиот во станицата Табановце ќе влегува во скршнување, бидејќи со редот на возењето е предвидено овој воз да влегува на главниот влезен колосек. Исто така осудениот не ја искористил и можноста возот да го запре пред главниот сигнал, што ќе обезбедило возот при влезот во станицата да ја намали брзината дозволена за скршнување. Димитријевиќ, освен тоа, на свртничарите не им давал писмен налог, а влезниот сигнал го поставил во положба „Слободно“ пред да обезбеди сигурно влегување на возот во станицата, стоело во образложението на судот.
Брзо како виор низ Куманово прелетала тажната вест за несреќата и в миг орачот ја напуштил започнатата бразда, работникот машината, војниците касарната. Престанало се друго. Сите брзале кон местото на несреќата. Немало човек кој својот живот не би го оставил на коцка за да го спаси животот на малата Татјана, на нејзинат амајка Ботка, на осуммесечното бебе Допче, на вдовицата Џемила, која дома оставила 9 нејаки деца, незгрижени, сами со лед околу млади, невини срца.
Сите брзале кон местото на несреќата. И војникот Јанко Митровиќ од Шумадија и милиционерот Стојан, и случајниот минувач на автопатот, возачот Јанез од Загреб. Сите брзале, водени од една желба, од една мисла на настраданите да им помогнат.
Пред кумановската болница редица. Преку дваесет војници и граѓани нуделе своја крв за настраданите. Редот се оддолжил, но доброволните дарители биле ипорни, чекале со својата топла крв, да им ги вратат животите на оние кои настрадале.
За тоа време на местото на несреќата со ведела надчовчка борба за животот на неколкуте луѓе приклештени меѓу урнатините и скршените вагони, по што борбата за човечките животи продолжила во кумановската и скопската болница.
Градот бил завиен во траор. Кумановци плачеле за жртвите од несреќата. Нивните рца биле тажни, растреперени, полни со чувство за настраданите и нивните семејства. Солзисе лееле за загинатото семејство на Миланчо Алексовски, за загинатите сини очи на двегодишниот Небојша Кујунџиќ, за русите коси на малата Елена, за недочитаната книга на шестаесетгодишниот Тефик, за сите оние што студени и неподвижни лежеле во болниките простории, за оние кои неколку часа претходно се смееле, радувале, надевале и сакале.
Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 26 и 32 (четврток, 15 ноември 1962 година / петок, 15 февруари 1963. година)