Ракометарките на Куманово денеска го играат натпреварот од 8. коло од женската лига, каде на гостински терен за противник го имаат составот на Металург кој од почетокот на сезоната не бележи пораз.
Кумановки се на втората позиција во табелата, со ист број на бодови како и Вардар, а денешниот меч ќе биде вистинско дерби со оглед дека ќе се сретнат две екипи кои пројавија желба за максимален учинок оваа сезона.
Натпреварот започнува во 16:30 часот.