Со претставата „Мани, мани, мани“ на Театар Куманово вечерва ќе се затвори театарскиот фестивал „Денови на комедија“.
Текстот е на Реј Куни, а во режија на Бојана Краљевска и Горан Илиќ. Актерската екипа ја сочинуваат Марко Трајковиќ, Сања Русевска, Владо Дојчиновски, Нина Максимова, Дубравка Косилечки, Јасмина Василева и Мирослав Петковиќ.
Комедијата во која ликовите влегуваат во лаги што ги доведуваат до ситуација на апсурд, градејќи предизвикувачки однос кон околностите во кои живееме и барајќи пат, кој не само што не не оддалечува од стварноста, туку се пресметува со неа, духовите и интригантно, преку силно кронична и театрална низа на псевдофилозовски нонсенси.
Претсвата за нас, овде и сега, која ја жигорузва алчноста за пари како универзален феномен, со возбудливи и смешни заплети и ги изложува на смеа, или подобро кажано потсмев, и другите општествени појави, обичните човечки слабости, лошите карактеристики и др.
Послегнување по сленгот, локалната географија и различните наши дијалекти, уште повеќе ја засилува комиката и ја прави претставата „наша“ и „тукашна“ што е проверен рецепт за урнебесна забава и за публиката и за актерите.
Претставата започнува во 20 часот во Народна установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, а репризите ќе се играат во следните денови на сцената на Театар Куманово.