НЕВЕРОЈАТНО: Пронајден полжав стар 99 милиони години

Сподели со своите пријатели

Научниците откриле полжав стар 99 милиони години, а овој праисториски примерок е пронајден во парче ќилибар во Бурма, пишува „Национална географија“.

Станува збор за едно од најзначајните откритија во историјата на палеонтологијата затоа што во фосилен облик се сочувало мекото животинско ткиво, што досега во истражување на толку стари фосилни форми не било случај.

Од мекото ткиво сочувани биле главата, стапалата и пипците во фосилизирано парче од 99 милиони години стар ќилибар.

Иако примерокот е помал од 0,5 сантиметри, за научниците пружа неверојатен увид во животот на тие незабележливи суштества од времето на диносаурусите, тврдат од магазинот Национална географија.

Научничката Лида Ксинг од кинскиот Универзитет за геонаука во Пекинг истакнала дека парот краци и око од полжавот се сочувани недопрени во ќилибарот.

Leave a Reply