Џон Харви (73), пензионер од Велс, за пет години повикал итна помош дури 314 пати. Овие повици го чинеле вкупно 53.500 евра, а медиумите пишуваат дека можеби би бил излечен од хипохондрија доколку тие пари ги дал на психијатар.
Тој константно ја повикувал итната помош во Велс, и покрај фактот дека неговото здравје било во ред.
Иако сите знаеме за златното правило дека е подобро да спречи, отколку да се лечи, за се постојат граници.
Итната помош секогаш одговорила на повикот и се појавила на лице место, а човекот бил хоспитализиран дури 149 пати.
АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!
Сепак, тоа не го спречило неговото однесување, па се претворил во вистински прогонувач. На крајот завршил во затвор на 20 месеци.
Неговото однесување на лекарите им скратило значително време, кога можеле да се посветат на вистински пациенти.
Морал да плати и бројни испитувања, па беспотребно трошел големи пари. Сепак тоа не го спречило старецот да започне да бара од непознати лица да му повикуваат итна помош наместо него, затоа што знаел дека сестрите веднаш ќе го препознаат неговиот глас.
Во една прилика лекар го следел од зградата на болницата до неговиот дом и го затекнал како мирно седи во столчето во дневната соба и пие виски.
Мрачни тајни на проколнатото гратче во Европа: За шест години 79 самоубиства (ФОТО+ВИДЕО)

