Кон крајот на 1962 година Угостителското претпријатие „Бисерка“ донело одлука да ги намали цените за дел од оброците во своите ресторани, пред се истите да бидат достапни и за селаните и граѓаните со пониски примања.
Порција јадење со месо чинела од 120 до 150 динари, а без месо од 50 до 60 динари.
Хотел „Куманово“ имал воведено и една друга новина. Гостите можеле да добијат мени за 180 денари, во кое имало супа, салата, јадење со месо и две парчиња леб. Покрај тоа секојдневно служеле и шкембе – чорба, варени папци и други евтини специјалитети.
Хотелот секојдневно продавал од 300 до 350 порции шкембе чорба и говедски папци.
Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 27 (четврток, 29 ноември 1962. година)