Во Конго потврдени 33 случаи на ебола

Сподели со своите пријатели

Во Конго официјално се потврдени 33 случаи на ебола, од кои 24 биле со смртоносен исход, соопштило тамошното Министерство за здравство.

Тие случаи се забележани во текот на последните седум дена, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, за 200 случаи се уште не е потврдено дали се работи за ебола, иако симптомите се слични.

Од избивање на епидемијата во јули годинава, од ебола во Конго починале 130 лица.

Leave a Reply