Имајќи ја предвид експанзијата на дивоградби кон почетокот на шеесеттите години од минатиот век, Народниот одбор на Општина Куманово имал донесено свој одреден став, а тоа е да се урнат сите згради од „дивата градба“.
Во 1962 година имало веќе 135 извршни решеија за уривање на оние згради кои навистина се наоѓале во лоша состојба и не одговарале на урбанистичките, естетски и хигиенски услови што се бараат да ги има секоја зграда.
За подобро решавање на проблемот била донесена одлука на сите оние кои изградиле станови со „дивата градба“ да им се понуди посебна локација на која ќе треба да изградат нова куќа, оти во спротивно ќе им бидат урнати зградите.
Општината на овие сопственици им понудила локација на месноста „Рајкова куќа“, „Банево Трло“ и „Василево Чешмиче“.
„Дивата градба“ многу и пречела на општината, затоа што одредени локации за градење на станови веќе биле прекриени со „дива градб“, па така некои луѓе поради тоа непланско градење не можеле да си го решат станбеното прашање.
Склоноста кон таквата изградба на станови не била карактеристична за граѓаните на Куманово или воопшто ја немало. Обично оние што доаѓале од селата прибегнувале кон изградба на станови.
Оваа неконтролирана „дива градб“ создала нови проблеми на комуната во решавањето на естетското и комуналното прашање на градот, бидејќи овие градби го задржувале селскиот амбиент и навиките од селото се пренесувале во градот, во дворовите се чувале добиток и кучиња.
Со цел успешно да се реши проблемот на дивоградби, општината донела одлука за санкции против оние мајстори кои учествувале при изградбата на овие куќи, како и кон оние што изработувале градежен материјал без дозвола.
Проект на ЈОУ Библиотека „Танге Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 27 (четврток, 29 ноември 1962. година)