Утревечер црногорската претстава „Урнебесна трагедија“ на „Денови на комедија“
On:
Сподели со своите пријатели
Утревечер во рамки на фестивалот Денови на комедија ќе се изведе претставата Урнебесна трагедија на црногорското народно позориште од Подгорица.
Комедијата е по текстот на Душан Ковачевиќ а во режија на Вељко Миќуновиќ. Продукцијата е на Јанко Љумовиќ а драматургија на Слободан Обрадовиќ. Костимографијата и сценографијата е на Миодраг Табачки. Во претставата играат Ана Вујошевиќ, Младен Нелевиќ, Вуле Марковиќ, Нада Вукчевиќ, Бранимир Поповиќ, Бранка Станиќ, Мето Јовановски, Мишо Обрадовиќ и Момо Пиќуриќ.