Суреш (41) од Индија од својата 18та година имал лице кое наликува на лав. По пластичните операции, конечно добил шанса да изгледа како човек.
Кога заболел од овој редок синдром, лицето започнало да му отекува, а лекарите не можеле да му помогнат. проблемот всушност станал видлив кога јагодичните коски толку многу се развиле што лицето буквално попримило изглед на лав.
Пред 23 години, оваа болест се третирала така што коските кои израснувале биле вадени. Денес тоа се лекува со пластична хирургија.
Loading...
– Суреш посетил стотици хирурзи во различни градови, но никој не се нафатил да го оперира. кога стигна кај мене, одлучив да му помогнам, иако е сиромашен и не можеше да ми плати. Пластичната операција е единствениот ефективен избор во неговиот случај, го обликувавме убаво и не остана никаква лузна, рекол др. Ричардсон.
Како што објаснил тој, во прашање е многу ретка состојба. Доколку не се третира, овој синдром може да ги зафати и очите, устата, носот. На крајот да доведе до состојба заболениот да не може да дише.
Погледнете како Суреш изгледал пред операцијата.