Археолозите под мексиканската пирамида „Модра земја“ пронашле тунел кој води до правоаголна просторија, запечатена пред повеќе од 2.000 години.
Имено, овој локалитет се наоѓа во близина на Мексико Сити, а неговите тајни се врзуваат со цивилизацијата Теотивакан.
Серхио Гомез, археолог на Мексиканскиот археолошки и историски музеј, со своите соработници веќе со години со помош на радарски снимки ја испитува содржина на дупката која со текот на времето се појавува на овој локалитет.
Теотивакан цивилизацијата се смета за една од најнапредните на овие простори, затоа што и самата пирамида е направена од неколку делови, но до откритието на Гомез никој не знаел дека под пирамидата постојат тунели и простории.
Заедно со дваесет свои соработници, работел на дигитална мапа користејќи претходно познати факти како и нови откритија.
По завршената работа, дошле до заклучок дека под површината на самата пирамида се наоѓа правоаголна просторија, која од двете страни е запечатена со камени ѕидови.
– За жал, да откриеме што навистина се наоѓа внатре мораме да ги рушиме ѕидовите, а за тоа ние е потребна дозвола од државата, која се уште ја немаме добиено. Судејќи по натписите кои ги пронајденовме, како и начинот на кој просторијата е затворена, веруваме, дека што е да е сокриено внатре, наменето е да остане сокриено засекогаш, додава научникот.
Просторијата, според негови зборови, е започатена пред повеќе од 2.000 години, а тие се уште се борат за дозвола за да ја ископаат истата.
Што се крие под Москва? Мистерија од ходници, цел подземен моќен свет
Пред три години, во подножјето на оваа пирамида, пронајдени се и траги на течна жива.
Оваа напредна цивилизација со години ја опкружуваат различни мистерии, а една од најголемите претставува нејзиното изненадно исчензување.
https://youtu.be/PvjHq9xvm7c

