Ова се најголемите монструми: Мачеле, силувале и убивале деца (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Историјата памети голем број педофили и сериски убијци, кои тепале, мачеле, силувале и на крајот брутално убивале недолжни деца. Некои од нив платиле за своите злодела, некои чекаат смртни казни, додека на други по излегување од затворот им се губи секаква трага.

РОДНИ АЛКАЛА

Родни Алкала (75) е осуден силувач, мачител и сериски убиец кој 40 години избегнувал правда. Два пати е осуден за силување, мачење и убиство на млади девојки, но Алкала успеал да ги преиначи осудите.

 

 

Конечно во 2010. година, со помош на ДНК, Алкала е осуден на доживотна казна во Калифорнија поради пет убиства направени во таа држава измеѓу 1977. и 1979. година.

Во 2013. година добил дополнителна затворска казна од 25 години откако се изјаснил за виновен за две убиства сторени во Њујорк во 1971. и 1977. година. Колку деца точно убил не е познато и бројката би можела да биде значително поголема.

АРТУР ГЕРИ БИШОП

Артур Гери Бишоп од чесен студент, извидувач и тинејџерски мисионер станал опседнат педофил и убиец на деца. За тоа ја обвинил порнографијата на која бил изложен додека растел. Бишоп ги признал убиствата на пет момчиња на возраст од четири до 13 години во 1983. година.

 

 

Бишоп на судењето се извинил на семејствата на жртвите и поднел барање казната да биде извршена со смртоносна инекција.

Погубен е во државниот затвор во Јута на 10. јуни 1988. година. Пред вбризгувањето на смртоносната инекција изразил каење поради сторените злосторства. Имал 36 години.

ДЕНИС РАДЕР

Денис Радер (73) е американски сериски убиец кој е познат и како БТК убиец. БТК значи „Bind, Torture, Kill“ (врзи, мачи, убиј) и бил негов злогласен потпис.

 

 

Измеѓу 1974. и 1991. година убил десет луѓе во Вичита, Канзас.

БРТ убиец е име кое Денис си го дал самиот за да полесно „комуницира“ со медиумите и полицијата. Бил познат и по тоа што испраќал писма во полицијата и до новинарите опишувајќи ги деталите од своите злосторства.

По десетгодишна пауза, испраќањето писма продолжило во 2004. година, што довело до негово приведување во 2005. година и изјаснување за вина. Моментално служи десет доживотни казни во затворот Ел Дорадо во Канзас.

ДИН КОРЛ

Дин Корл бил 33-годишен електричар кој живеел во Хјустон, Тексас, кој заедно со двајца тинејџери е одговорен за киднапирање, мачење, силување и убивање на најмалку 27 момчиња во Хјустон кон почетокот на седумдесеттите години.

 

 

Бил познат и како Кендимен, затоа што со своето семејство водел фабрика за слатки, а познато е дека давал бесплатни слатки на локалните деца.

Починал во 1973. година на 33-годишна возраст од рани нанесени од огнено оружје. На него пукал еден од тинејџерите, соучесник во убиствата.

ПЕДРО АЛОНСО ЛОПЕЗ

Педро Алонсо Лопез е одговорен за убиство на најмалку 350 деца во Колумбија, Еквадор и Перу. Откако бил пуштен од затворот во 1998. година поради добро однесување, иако изразил желба повторно да убива, му се губи секаква трага и никој не знае дали сега е жив или мртов.

 

 

РИЧАРД ЧЕЈС

Ричард Чејс го добил прекарот „вампирот од Сакраменто“ по убиството на шест деца, меѓу кои имало и новороденче, а потоа ја испил нивната крв и изел некои органи. По приведувањето и смртната пресуда во гасна комора на 26. декември 1980 година Чејс го пронашле мртов во ќелијата. Испил поголема количина на лекови.

 

 

НАТАНИЕЛ БАР ЈОНАХ

Натаниел Бар Јонах е осуден детски предатор кој бил во затвор поради повеќе злоставувања, мачења и обиди за убиство на деца. Исто така е осомничен за убиство на дете и канибализам.

Осуден е на 130 години затвор, но на 13. април 2008. година пронајден е мртов во својата ќелија. Починал од срцев удар.

 

 

ВЕЈН ВИЛИЈАМС

Помеѓу 1979. и 1981. година 29 деца и млади црнци се убиени во низа злочини кои ја тероризирале заедницата позната како „убиец на децата во Атланта“. Вејн Вилијамс е приведен во 1982. година и осуден за убиства на две момчиња, а истражителите на тој начин решиле уште 20 други случаи.

Leave a Reply