Сигурно на Инстаграм или Фејсбук сте виделе девојки со тетоважи на закачалка за алишта. Првата помисла ви е дека сака алишта? Па можеби и сака, но симболиката која ја крие оваа тетоважа завлегува длабоко во љубовта кон материјалното.
Имено, до идејата дошле шест Американки на високи позиции, некои дури и политичарки, кои посакале да реагираат на затворање на клиники за сигурен абортус. Само за пример, самата држава Тексас затворила повее од половина од клиниките кои на жените им ја пружале оваа услуга. Последица на тој чин е очајот кај жените кои чувствуваат дека се приморани да абортираат и тоа сакаат да го направат по секоја дена па дури и дома на многу опасен начин.
Тетовирал 90 отсто од телото и ги отстранил гениталиите – му ги прекривале тетоважите (ФОТО)
Гинекологот Џилијан Шивон е една од жените основачи на оваа идеја која раскажува како во Венецуела, во која авортусот е илегален, жените доаѓаат во сомнителни, мрачни улици и дозволуваат нестручни лица на нив да извршат болен и опасен абортус.
Дајана Хорват, директорка на организацијата „Whole Women’s Health“ во Балтимор, додала дека затворањето на клиниките за безбеден абортус нема да го намалат нивниот број, туку само ќе ги зголемат оние кои се изведени дома, а кои жената лесно можат да ја доведат во животна опасност.
https://www.instagram.com/p/Bn1kTRxAlFI/?utm_source=ig_embed

