Толку се напиле на медениот месец што купиле цел хотел (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Џина Лионс и Марк Ли, новопечен брачен пар од Велика Британија, од медениот месец донеле најубав сувенир – цел хотел на плажа.

Парот медениот месец го минал на Шри Ланка. Откако се чекирале во хотелот, кој е сместен на плажа, отишле да ја прослават венчавката, пишува Мирор.

Човекот кој се ожени самиот со себе се врати од меден месец (фото)

Додека пиеле коктели, започнале да зборуваат со келнерот и персоналот на хотелот. Потоа зеле шише рум и првата ноќ ја минале на плажа, во друштво со новите пријатели.

https://www.instagram.com/p/BoJMj1lApcS/?utm_source=ig_embed

При разговорот дознале дека наскоро му истекува закупот на сопственикот на хотелот, кога и одлучиле да го преземат. Тоа ги чинело 39.500 долари.

– Мислевме дека е одлична идеја да купиме хотел. Сега, скоро година дена од таа пијана ноќ, поседува хотел и го преуредуваме по наше, рекла Џина.

Парот морал да вложи уште 17.000 долари за обнова и останати правни трошици.

Ги пипкал гостинките за задник: Тепачка на македонска свадба во Сиднеј

– Иако нашето семејство и пријатели мислат дека сме идиоти, среќни сме што купивме хотел, а сега го чекаме и првото дете, истакнал Марк.

https://www.instagram.com/p/Bl0CllYgfIY/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply