Стотина учесници од велосипедските клубови од Македонија и Бугарија денеска беа дел од традиционалната велосипедска трка „Трофеј 11ти Октомври“ која се одржа во Куманово по повод Денот на востанието.
Манифестацијата денеска ја збогатија и околу 80 дечиња од градинката „Ангел Шајче“ како и основци од училиштата во градот.
Организатори на трката се велосипедскиот клуб „Вело М Термалифт“, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Трката започна пред спортската сала, а се возеше по булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“ во должина од над 3.000 метри.