Исчезнале 123 џиновски желки од Галапагос

Сподели со своите пријатели

Еквадорските власти отовриле истрага по тајанствената кражба на 123 млади џиновски желки во центарот за одгледување на Галапагос, група острови под заштита како историско културно наследство.

Националниот парк Галапагос ги предупредил власттите за кражба на вкупно 123 желги од видот Chelonoidis vicina и Chelonoidis guntheri, објави тамошното Минситерството за животна средина.

Животните се одгледани во заробеништво во центарот Арналдо Тупиза на островот Изабела, највежен во тој архипелаг во Тихиот океан, илјадници километри одалечен од брегот на Еквадор.

Зошто пингвините не можат да летаат?

Loading...

– Сите желки, вкупно 123, украдени се одеднашл, во вторник минатата недела. Местото каде беа сместени на островот Изабела не е заштитено. Нема безбедносни камери, рекол застапникот на Галапагос, Вашингтон Паредес.

Центарот за одгледување е отворен во 1993. година на површина од два хектари за репродукција на џиновски желки од двата вида на кои им се заканува исчезнување.

Во јуни гдоинава, 26 желки од три и пет години со потекло од Галапагос се вратени од Перу, откако биле предмет на меѓународно криумчарење.

Leave a Reply