Тврди дека патувал низ времето, а го помина и детекторот за лага (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Човекот кој тврди дека е патник низ времето вели дека во рамките на проектот кој го спонзорирале британските власти, отишол во 8973 година каде се сретнал со телепатски хибриди на робот и човек.

Вилијам Тејлор го минал детекторот за лаги зборувајќи за својот „скок“ во иднината. Тврди дека минал шестчаса во 8973 година и дека „не сакал да се врати“ затоа што се работи за утопија во која нема злосторства ниту конфликти затоа што постои „лек за секој проблем“, пишува Мирор.

Зад велот на иднината: 10 пророштва кој секој треба да ги знае (видео)

Тејлор тврди дека во иднината отишол преку таен проект на британската влада, па дека во иднината се сретнал со живтлеи кибрози кои имале „абнормално големи глави и очи“ и „мали уста“, а на кои им е дарувана бесмртноста. Тие бизарни суштества се најверојатно „потомци“ на денешните луѓе, а можат да комуницираат со телепатија. И покрај тоа, Тејлор тврди дека можел да комуницира со нив на англиски јазик.

– Секој зборуваше течен англиски. Сите тие имаат вграден чип кој моментално скенира и преведува зборови во било кој јазик што им е најлесен, тврди Тејлор.

Како што наведува понатаму, неговата „морална одговорност“ е да каже на јавноста за патувањето низ времето и технологијата за која тврди дека постои уште од 1981. година. Од друга страна, тоа не е динствен пат Тејлор наводно да патувал низ времето. Така како што вели во „цилиндрична“ машина за патување низ времето бил и во 3000. година, но и дека тој пат бил далеку понепријатен.

Астронаут на НАСА од вселената се врати со различни гени

– Не сакав предолго да се задржувам таму. Небото беше црвено, а загадување имаше насекаде. Сфатив дека во взодухот има зрачење па морав бргу да одам, рекол тој.

Она што е интересно е што секоја од неговите тврдења успешно го минува детекторот за лаги кој го организирал ApexTV. Имано, ако му веруваме на Тејлор, патувањето низ времето ќе може да биде реалност веќе во 2028. година.

Leave a Reply