Руската ракета Сојуз-ФГ со современиот брод Сојуз МС-10 кој ќе однесе нова екипа на Меѓународната вселенска станица, е транспортиран од хангарот до плочата за лансирање на космодромот во Бајконур во Казахстан.
Сојуз МС-10 би требало на 11 октомври до Меѓународната вселенска станица да превезе двајца членови на екипажот, рускиот космонаут Алексеј Овчихин и Американецот Ник Хејг.
Вселенскиот брод од типот Сојуз, не е потребен на станицата само како превозно средство, туку и како спасувачки брод.


