Основниод суд Скопје ја осуди на шест години затворска казна поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска поради Злоупотреба на службена положба и овластување
Јанкуловска одговараше за злоупотреби и малверзации при набавка на блиндираниот „Мерцедес“ за поранешниот премиер Никола Груевски. Истата се товари дека потикнала тогашниот заменик министер Ѓоко Поповски, да изврши набавка на возилото, а освен затворската казна, поранешната прва жена на полицијата, ќе мора да ги надомести и сите трошоци за судењето.
Премиерот Груевски за истото кривично дело, веќе е осуден во оделна постапка за што доби две години затворска казна, а 4,5 години изнесува казната за Поповски.