Следните денови третирање против глувци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во следните неколку дена, поточно на 09.10.2018 година (вторник), 10.10.2018 (среда) и 12.10.2018 (петок) ќе се врши дератизација (третирање против глувци) на територија на Општина Куманово.

Како што информираат од локалната самоуправа, третманот ќе се изврши со постваување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода. Во случај третманот  да не се изврши поради неповолните  временски услови, истото се одложува за наредниот ден.

Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат, стои во соопштението од Општина Куманово.

Leave a Reply