Автомобил гореше во населбата Перо Чичо

Сподели со своите пријатели

Сува трева викендов гореше на неколку локации низ кумановско, а пожарникарите гаснеле и едно запалено возило.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи возило горело во населбата Перо Чичо, каде во гаснењето учествувале четворица пожарникари во период од 22:00 до 22:30.

Сува трева горела во селата Табановце, Сув Орах, но и на месноста Аџитепе, каде интервенирале вработените од Територијалната противпожарна единица Куманво и спречиле нивно проширување.

Leave a Reply