Вчера во 15,30 часот на Граничен премин „Табановце“, на излез од Република Македонија, со патничко моторно возило „Мерцедес” со албанска национална ознака се пријавил Д.Ш.(43) од Република Албанија со албанска патна исправа.
Како што информираат од полицијата, по извршена контрола од страна на полициски службеници е забележано дека недостасуваат страници од патната исправа на лицето.
Д.Ш. бил задржан и предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка.