51-годишник баран за издржување затворска казна приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера во 09,45 часот на Граничен премин „Табановце“ на излез од Република Македонија се пријавил Н.Н. (51) од село Желино, тетовско. При извршена проверка во казнена евиденција констатирано било дека лицето е предмет на потрага за издржување казна затвор.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето е предадено во СВР Куманово за понатамошно постапување, односно за спроведување до Казнено поправна установа Затвор Тетово.

Leave a Reply