Кумановец вербално нападнал сограѓанин, па му го скршил ветробранското стакло

Сподели со своите пријатели

Во Полициска станица Куманово, утринава, 20 минути по полноќ М.Ј.(26) од Куманово пријавил дека пред гостилница лоцирана на улица „Трета Македонска ударна бригада” бил вербално нападнат од З.Н. по што сторителот го скршил ветробранско стакло на неговото патничко моторно возило.

Како што информираат од СВР Куманово, бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply