Кумановски училишта со бројни награди на КРЕФ

Сподели со своите пријатели

На 28 и 29 септември во Мултимедијалниот Центар при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се одржа филмски фестивал „КРЕФ“ каде свечено беа доделени сертификати и прогласени најдобрите филмови. “КРЕФ” е фестивал на креативни едукативни филмови од меѓународен карактер кој беше отворен за учество и пријава на ученици, едукатори и стручни соработници  заклучно со 10 јуни 2018. Фестивалот е акредитиран од страна на Министерството за образование, наука и технолошки развој на Србија. Снимените филмови имаа можност да учествуваат и да се натпреваруваат во неколку категории и тоа:  лип дуб, детски игран филм, едукативен филм, детски нагледен час и MineCraft – Scratch.

Во категорија MineCraft- Scratch nаставничките од ООУ „Толи Зордумис“-Куманово, ПУ-с.Режановце, Александра Грубор и Анита Николовска, освоија II место како ментори на ученици од петто и трето одделение, со пакет филмовите ,, Волшебна магија 1и 2“. Директорот од училиштето Милорад Јордановски доби пофални зборови од организаторите, за неговата несебична поддршка кон своите вработени.

Во категоријата Детски игран филм на возраст  до 10 години учениците од прво одделение од ООУ „Вук Караџиќ“ под менторство на одделенската наставничка Јелена Мандиќ освоија II место со своето видео со наслов „Годишни времиња“.  Учениците ги представија годишните времиња во корелација со математика преку успешна примена на разновнидни методи и форми.

ООУ „11 Октомври“ се натпреваруваше со два филма под менторство на наставникот по англиски јазик Славица Стојчевска и истите беа наградени во 2 категории. Учениците од IV одделение подрачно училиште Д.Којнаре добија сертификат за освоено II место во категорија едукативен филм до 10 години. Наградените создадоа дигитален ресурс за успешно совладување на наставната содржина „Годишни времиња и временски услови“. Со вториот филм  учениците oд VI одделение кои беа ставени во улога на наставници од ООУ „11 Октомври“ освоија III место во категорија детски нагледен час при што ја потврдиja успешноста на идејата ученик во улога на наставник.

Leave a Reply