Вчера околу 13.00 часот на меѓуградската автобуска станица во Скопје биле забележани пет мигранти кои допатувале со автобус од Куманово.
Како што информираат од полицијата, по пристигнувањето, тие влегле во такси возило, но набргу било пресретнато, по што возачот и патниците биле задржани во Полициската станица Карпош. Со лицата бил извршен разговор, по што биле предадени во Прифатниот центар за странци.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.