Колку сте запознаени со фактите за Земјата и дали мислите дека баш се имате научено на часовите по географија?
Секако дека не. Многу работи воопшто не се споменуваат во училишните учебници, ниту пак на часовите, некои од нив се добро познати, а некои само за оние со пошироки интереси и познавања.
Но, ако припаѓате во втората група и ве интересира целиот свет околу себе, прочитајте што сте пропуштиле до сега.
Фудбалските тимови можат да играат еден против друг на различни хемисфери на Земјата
Стадиото Милтон Кореа во Бразил познат и како Зерао (на португалски – голема нула), го добил името пораид фактот што на средината на теренот се наоѓа екваторот.
Па, според тоа, кога тимовите играат на две различни страни, тие стојат на две различни хемисфери на земјата.
Пет историски факти за кои не се зборува на телевизија и не ве учат на училиште (ФОТО+ВИДЕО)
Loading...
Точка на непристапност – Немо
Точката Немо (латински – никој) е конвенционална точка во Тихиот океан која е најодалечена од секое копно.
Токму затоа оваа локација се нарекува точка на непристапност, а се наоѓа на одалеченост од 2.592 километри од најблиското копно.
Можете истовремено да стоите во четири држави
Four Corners е место во САД каде еден квадрат е поделен на четири делови кои всушност се граници на четири различни држави – Аризона, Јута, Колорадо и Ново Мексико.
Глечерите содржат поголем дел од водата за пиење на Земјата
Околу 10 отсто од површината на нашата планета е покриена со мраз, а во тое 10 се содржани 75 отсто од вкупната вода за пиење на Земјата.
Но, ако се земе предвид само незамрзнатиот дел од водата за пиење, испаѓа дека 20 отсто се содржани само во Бајкалското езеро.
„Динго оградата“ во Австралија е подолга од руско-кинеската граница
Во 19. век во Австралија овчарството бил важен сектор на економијата, па во 80те години на 19 век, фармерите решиле да направат долга ограда која ќе ги штити овците од инвазија на дивите кучиња (динго).
Оваа ограда е долга 5.614 километри, а само за споредба, руско-кинеската граница е долга 4.209 км.
Пет важни историски факти кои науката и денес не може да ги објасни
Островот на фазаните го менува сопственикот (државата) на секои шест месеци
Овој остров кој се наоѓа среде реката Бидасоа, шест месеци припаѓа на Шпанија, а исто толку и на Франција, а така се менува и управата.
Ова се случува повеќе од три века, таму не живее никој, а островот е затворен и за посети.
Мртвото море е под нивото на морето
Нивото на солената вода во Мртвото море секоја година се намалува за 1 метар. Сега се наоѓа на 430 метри под нивото на морето, иако некогаш било 400 метри над нивото на Средоземното море.
https://kumanovskimuabeti.mk/wp-admin/post.php?post=73326&action=edit
Во Канада постои остров со езеро во кој се наоѓа остров, а кој, исто така има езеро, а во езерото има остров
Се работи за островот Викторија кој е дел од канадскиот Арктички архипелаг и тоа е место на кое има остров на кој се наоѓа островот кој има остров.
Неговат аповршина е 217,291 километри квадратни и највероајтно никогаш не го посетило човечко суштество.
На островот Маурициус постојат дини кои се состојат од песок во седум различни бои
Црвена, браон, виолетова, зелена, тиркизна, розова и жолта – ова е палетата од бои кои можат да се видат во близина на селото Чамарел.