На кумановскиот градски плоштад се поставува ново улично осветлување. Поставувањето канделабри со штедливи светилки веќе започна, а од вчера се поставува и улично осветлување на градскиот кеј каде дел од поставените сијалици и столбови во изминатиов период беа оштетени.
– Предвидено е да бидат поставени 61 канделабра на градскиот плоштад и на главниот и на малиот кај центарот за култура. Ова е еден вид на пилот проект преку кој ќе добиеме податоци колку ќе заштедиме со поставување на штедливи светилки – изјави директорот на ЈП „Куманово-паркинг“, Фадиљ Шабани.
За замената на постоечкото и поставување на новото осветлување, претпријатието одвои 2,275 милиони денари. Новото осветлување според договорот со фирмата изведувач се очекува да заврши за 20 дена.