Насилници фрлија тинејџер на шини, па настана општа тепачка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На интернет се појави снимка која покажува како тројца белци од Белгија малтретираат црнец тинејџер и потоа го фрлаат на шини.

Лирој Ејбрахам (15) чекал воз на станица во Аршота со својата постара сестра и помладиот брат, кога го нападнале две жени и еден маж.

Го навредувале и туркале, а иако им кажува да го остават на мира, тоа на вродува со плод.

Ситуацијата ескалираше кога мажот, идентификуван само како Јонас В. (35) го фрлил на шините.

Ја оставил својата мајка во дом и поставил камера: Снимени сцените од бруталното злоставување

Меѓутоа, Лирој не се предал па со себе го повлекол и Јонас на шините каде продолжиле да се тепаат.

Додека момчето се бранеше и го удираше Јонас, на шините скокнаа и две жени да го тепаат.

Потоа скокна и сестрата на Лирој во обид да ги раздели, па и таа се степа со нив. На крајот мораа да интервенираат припадниците на обезбедувањето на станицата.

Јонас В. набргу бил приведен и обвинет за физички напад. Локалните медиуми пренеле дека тој бил на условна слобода поради претходен престак.

https://youtu.be/qus9bZLGWoc

Leave a Reply