Без согласност на Општина Куманово и без претходно изготвен сообраќаен елаборат биле поставени неколкуте лежечки полицајци на улицата „100“ во населбата Карпош,
Ова денеска на седницата на Советот, го изјави градоначалникот Максим Димитриевски, одговарајќи на прашањето на советникот од опозицијата, Драган Петковски, кој обвини дека граѓаните ги оштетуваат автомобилите на оваа улица.
– На помалку од еден километар има седум лежечки полицајци, начинот на кој се поставени создава револт кај возачите. Ноќе и при дожд не можат да се забележат, бидејќи не се обележани, рече Петковски.

Градоначалникот изјави дека не може да се постави сигнализација за овие пречки за сопирање на брзината во сообраќајот, бидејќи за нив никој не изготвил елаборати и тие се изградени на „диво“.
– На улицата „100“ лежечките полицајци се непрописно изградени, во најголем дел под притисок на населението. Правиме елаборати за да видиме дали се потребни на толкаво растојание во толку голем број. На улицата „100“ каде по реконструкцијат аулицата изгледа како авионска писта, подобро е да се оштети возило, отоколку да згасне нечиј живот. Се додека не се добие елаборатот не можеме да поставиме сигнализација, рече градоначалникот Димитриевски.


