Општина Куманово објави оглас за давање под закуп по пат на електронско јавно наддавање, на два одделни објекти, дел од Затворениот градски базен и угостителски објект, лоциран на градскиот кеј во Куманово. Според објавата на комисијата за располагање со недвижни и движни ствари од општина Куманово, објектите се издаваат со претходна согласност на Советот на општина Куманово, по втор пат. Најповолните понудувачи ќе имаат можност да ги користат под закуп овие објекти 6,5 години.
Според објавата, двата објекти од затворениот градски базен имаат површина секој по 100 метри квадратни и се наоѓаат непосредно до влезот на овој објект од левата и десната страна. Угостителскиот објект со кој претходно стопанисуваше ЈП „Чистота и Зеленило“ се наоѓа на градскиот кеј до тамошното тениско и фудбалско игралиште и зафаќа вкупна повшрина од 209 метри квадратни.
Право на учество имаат заинтересираните физички и правни лица од државава и странство кои ќе ги исполнат условите објавени во објавата. Тие ќе треба да достават изјава, банкарска гаранција во висина од два проценти од процененета вредност на објектите која според објавата ќе се врати во рок од 15 дена оддржуавњето на наддаавањето, личен документ, тековна состојба од Централен регистар, е маил адреса на поднесувачот.
Пријавите за учество треба да се испратат најдоцна до 12 октомври годинава во електронска форма на www.e-stvari.mk.