Општина Куманово објави повик за иницијативи на урбанистички планови
On:
Сподели со своите пријатели
Општина Куманово објави јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на детални урбанистички планови, информираа денеска, надлежните од општината. На повикот можат да се јават правните и физичките лица и да поднесат иницијативи за донесување нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечкиот и притоа треба да поднесат образложение за бараната измена и предлог на планскиот опфат од подносителот на иницијативата.
„Секоја година општината објавува два повика и очекуваме заинтересираните физички и правни лоца да се јават на огласот, да поднесат иницијатива, по што комисија која ја формира градоначалникот ќе ги разгледа. Усвоените иницијативи ќе бидат доставени до советот на општина Куманово, како составен дел од годишната програма на ДУП и друга планска документација“-изјави, раководителот на сектор за урбанизам Лидија Ланг Спасовска.
Средствата за прифатените иницијативи за изработка на потребната документација ги обезбедуваат подносителите на иницијативите.Повикот кој се објавува врз основа на Законот за просторно и урбанистичко планирање ќе трае до 27 октомври и веќе е објавен на општинската страна, во службено гласило и во два весника.