Владата ја усвои иницијативата за рестартирање на Тутунскиот комбинат од Куманово
On:
Сподели со своите пријатели
Владата на Република Македонија денеска на седница ја усвои информацијата за имотот кој припаѓал на Тутунскиот комбинат „Боро Петрушевски Папучар“ од Куманово со цел да се испитаат можностите за рестартирање на комбинатот.
Во таа насока, како што информира владината прес-служба, задолжени се Управата за јавни приходи и Агенцијата за управување со одземен имот, во договор со доверителите и сопствениците на имотот или на дел од него, да влезат во процес со кој ќе ги уредат меѓусебните односи во постапката со која треба да се создадат услови за продажба на вкупниот движен и недвижен имот на потенцијалните инвеститори.