Девојче им се спротивстави на вооружените крадци кои го ограбија нејзиниот татко (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Девојчето Бриела Минига од Филипини се играла на приодот од својата куќа, кога се појавиле четворица мажи, кои се претставиле како продавачи на ДВД плеери.

Тројцата маскирани мажи се доближиле до нејзиниот татко, кој се враќал од работа во белиот џип, и во него впериле пиштол Му барале пари, додека четвртиот разбојник влегол во неговиот дом.

Кога крадците по кражбата тргнале низ дворот, единствена личност меѓу нив и нивните мотори било девојчето кое тргнало да види кој прави бучава.

Градот во кој косата е највредниот имот: Толку е ценета што крадците ноќе ја крадат (видео)

На снимката се гледа како таа го удира крадецот кој неколку моменти претходно држел пиштол во рацете, а потоа бргу ја отвора торбата која ја носи, а содржината од неа паѓа по земјата.

Бриела потоа се обидела да ги собере предметите кои се украднеи, но тогаш уште еднаш покажа дека е храбра и тргна по крадците.

Се обиде да ги спречи да избегаат на мотоите, но во тоа не успеа. Еден од крадците ја турна на земја, а девојчето се здобило со исеченици и гребнатинки по лицето.

Leave a Reply