Се разбуди вулканот Попокатепетел

Сподели со своите пријатели

Вулканот Попокатепетел исфрла пепел кој достигна до јужното подрачје на престолнината на Мексико.

Мексиканскиот Национален центар за превенција од катастрофи го предупредил населението да внимава поради активноста во кратерот и регистрираните 183 емисии на гас и пепел во последните 24 часа, пренесува агенцијата Ап.

Геофизичарите регисрирале зголемена активност на вулканот кој се наоѓа на 72 километри југоисточно од главниот град на Мексико.

Попокатепетел, познат и како Ел Попо, висок е 5.426 метри и е еден од најактивните вулкани во Мексико.

Забележани се повеќе од 20 поголеми ерупции на овој вулкан од доаѓањето на Шпанците во Мексико во 1519. година. Последната голема ерупција се случи на 21. декември 1994. година.

Leave a Reply